Marvel има планови за ново продолжение на „Blade“ со Весли Снајпс

Минатиот месец извршниот директор на Disney, Боб Ајгер, најави дека Marvel веќе започнал со планирање на неколку суперхеројски филмови со R-рејтинг, меѓу кои се неколку продолженија на „Deadpool“ и цел куп нови проекти, од кои барем еден ќе биде нов филм за убиецот на вампири, Блејд.

Актерот Весли Снајпс ја помина целата измината година најавувајќи дека фановите на „Blade“ ќе добијат шанса да се израдуваат на нови авантури на црниот суперхерој кој беше еден од најважните ликови за подемот на Marvel во она што го знаеме денес.

Според она што го знаеме досега, Снајпс би требало да биде вмешан во новото продолжение на „Blade“, на еден или на друг начин. Извештаите од американските медиуми тврдат дека Marvel веќе има подготвено сценарио за новиот филм, во кој Блејд ја тренира неговата ќерка за таа да го наследи во неговата борба против вампирите.

Оригиналниот „Blade“ беше многу добро прифатен од публиката и го започна трендот на суперхеројски филмови кои се сфатени сериозно и ги полнат киносалите ширум светот. Иако Снајпс беше „фаца“ во Холивуд и претходно, во ликот на Блејд најде идентитет кој остана со него до ден денес.

Marvel е во разговори со Весли Снајпс веќе неколку години и тие заедно планираат да направат барем уште еден филм од франшизата за популарниот Блејд. Сепак, тоа не е гаранција дека ќе добиеме ваков филм – ниту сега, ниту во иднина.

реклама

За јавните личности и приватните газиња

Read more

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Read more

СЗО: Во моментов нема конечно решение за коронавирусот, а можеби нема ни да има

Read more

Четири рецепти за мезиња со јајца

Read more

Филм & ТВ

Ева Лонгорија има 45 години и изгледа неверојатно

Read more

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Read more

Искрен трејлер за „E.T. the Extra-Terrestrial“

Read more

„Star Trek: Discovery“ продолжува наесен

Read more

Сцена

  • filter

Ева Лонгорија има 45 години и изгледа неверојатно

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски рапер пронајден исечен на парчиња во замрзнувач

Читај повеќе

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „E.T. the Extra-Terrestrial“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Star Trek: Discovery“ продолжува наесен

Читај повеќе

Дуа Липа најави нов сингл со Мадона и Миси Елиот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трејлер за воениот филм „The Resistance Fighter“

Читај повеќе
  • play_arrow

Документарци кои совршено го отсликуваат светот во кој живееме

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 комедии кои не се очекуваше да бидат добри

Читај повеќе