Marvel ја откри целата актерска екипа на Avengers: Doomsday

Marvel Entertainment конечно ја откри целосната актерска екипа што ќе се појави во претстојниот филм Avengers: Doomsday, во петчасовен пренос во живо на својот официјален канал на YouTube.

Во филмот ќе се појават некои од „старите“ Avengers, како и некои од најпознатите X-Men, што воодушеви многу фанови кои го следеа преносот во живо.

Меѓу членовите на повратничката екипа во Avengers: Doomsday ќе бидат Крис Хемсворт како Тор, Ентони Меки како Сем Вилсон/Фалкон, Себастијан Стен како Баки Барнс/Винтер Солџер, Пол Рад како Скот Ланг/Ант-мен, Том Хидлстон како Локи и Летита Рајт како Шури.

Други ѕвезди кои претходно глумеле во универсзумот на Marvel, а кои ќе глумат во филмот, се Дени Рамирез како Хоакин Торес, кој го видовме во Captain America: Brave New World, и Винстон Дјук како М'Баку, кој го видовме во серијалот Black Panther. На фановите на Marvel веќе им беше кажано дека Роберт Дауни Џуниор ќе се појави во Doomsday, но не како легендарниот Ајрон-мен, туку во новата улога на негативецот Доктор Дум.

Роберт Дауни Џуниор е последниот член од големата актерска екипа што беше откриен, а исто така е и единствениот што гледачите го видоа на преносот во живо на Marvel.

Најголемото изненадување беа ѕвездите на X-Men

Едно од најголемите изненадувања за фановите беше откривањето на имињата на ѕвездите од X-Men филмовите. Меѓу мутантите кои обожавателите ќе ги видат во Avengers: Doomsday се Патрик Стјуарт како професор Чарлс Ксавиер, Иан Меккелен како Магнето, Келси Грамер како Бист, Алан Каминг како Најткролер, Џејмс Марсден како Сајклопс и Ребека Ромиџин како Мистик.

Ромиџин првично го играше ликот пред Џенифер Лоренс да ја преземе улогата во приквелите. Исто така, Гамбит, кој ќе го игра Ченинг Тејтум, беше откриен како еден од ликовите. Гледачите најпрво имаа можност да го видат американскиот актер во улогата во филмот Deadpool & Wolverine, а оттогаш се шпекулира дека Тејтум би можел повторно да го глуми Гамбит.

Новите ѕвезди на Marvel се појавуваат во Avengers: Doomsday

Поминаа шест години откако имавме шанса да ги видиме The Avengers на големото платно, а бројни нови ѕвезди се приклучија на Marvel. Некои од нив ќе ги видиме и во Avengers: Doomsday. На актерската екипа се придружува новата Фантастична четворка, во која главните улоги ги толкуваат Педро Паскал како Мистер Фантастик, Ванеса Кирби како Инвизбл Вуман, Џозеф Квин како Хјуман Торч и Ебон Мос-Бахрах како Тинг.

Покрај нив, во актерската екипа се и ѕвездите на Thunderbolts. Флоренс Пју ќе ја игра Јелена Белова, Дејвид Харбор ќе го игра Ред Гардијан, Вајат Расел ќе го игра Ју-Ес Ајџент, Хана Џон-Камен ќе го игра ликот на Гоуст, Луис Пулман ќе го игра мистериозниот Боб. На Одмаздниците во новата спасувачка мисија ќе им се придружат Сима Лиу како Шанг-Чи и Тенох Хуерта, кој го играше главниот лик Намор во филмот Black Panther: Wakanda Forever.

На крајот од преносот во живо, Marvel откри дека започнува продукцијата на филмот, кој ќе се појави во кината на 1 мај 2026 година. Браќата Русо се враќаат да го режираат филмот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Американците го протерале Чарли Чаплин од САД?

Читај повеќе

Откриена причината за ненадејната смрт на Мишел Трахтенберг

Читај повеќе