Филм & ТВ

Marvel ќе го изгуби Спајдермен ако „Far from Home“ не заработи милијарда

11. јули 2019 - 20:07 | К.З.

„Spider-Man: Far from Home“ се покажа како огромен хит на боксофисот, досега заработувајќи преку 600 милиони ширум светот. Но, доколку филмот не заработи дополнителни 400 милиони долари, Marvel би можел да ги изгуби правата за снимање филмови со Човекот-пајак.

Според новинарот Ричард Рашфилд, договорот кој го потпишале Sony и Marvel околу правата на користење на ликот на Спајдермен имал дополнителна клаузула кој би можел да предизвика проблеми за Marvel.

„Оригиналниот договор помеѓу Sony и Marvel содржи клаузула која вели дека ако ‘Far from Home’ не заработи една милијарда долари, Marvel нема да добие шанса да направи трет филм со Спајдермен. Доколку овој филм не заработи милијарда, правата во целост се враќаат кај Sony“, пишува Рашфилд за The Ankler.

Новинарот исто така истакнува дека луѓето од Sony имале намера да направат филм со Том Харди и Том Холанд со нивните ликови – Спајдермен и Веном. Според Рашфелд, тоа би предизвикало колапс на плановите и набрзо ќе морале одново да направат преработка на франшизата, слично како што го направија тоа со „The Amazing Spider-Man“.

За среќа, „Spiderman: Far from Home“ е голем финансиски успех за двете студија и скоро сигурно ќе ја надмине бројката од милијарда долари заработени на боксофисот.

Коментирај