Marvel конечно го објави трејлерот за продолжението на „Avengers: Infinity War“
По неколку одложувања и упорно криење во тајност, денеска Marvel го претстави трејлерот за продолжението на „Infinity War“. Студиото откри дека новиот филм ќе биде насловен „Infinity War: End Game“.
Во трејлерот можете да го видите и враќањето на Џереми Ренер во улогата на Hawkeye, откако овој лик беше отсутен во „Infinity War“.