Семејството на франшизата X-Men наскоро би можело да се прошири за една многу голема ѕвезда.
Пејачката и актерка Лејди Гага е на радарот на Marvel за улогата на Ема Фрост за во следниот X-Men филм.
Гага, чие актерско деби беше во наградуваниот „A Star Is Born“, за кој таа доби Оскар за оригинална песна, наводно веќе е во преговори со тимот на X-Men за улогата што последно ја играше Џенуери Џонс.
Фрост е позната по нејзиниот беспрекорен стајлинг во бело од глава до пети, изглед за кој сите добро знаеме дека Гага може да го износи.
И фановите на Гага и на франшизата X-Men се возбудени од идејата таа да ја игра Фрост и тоа веднаш го покажаа на социјалните мрежи.