Масакр во БиХ: Домар на гимназија ги убил директорот, секретарката и професорка

Се случи масакр во средното училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Полицијата потврди дека во нападот загинале директорот на училиштето, секретарката и една професорка. Трикратниот убиец бил домарот на училиштето, а неговите жртви биле вработени со кои претходно бил во конфликт.

Тројца убиени, застрелани од чуварот

Домарот на училиштето со автоматска пушка ги убил директорот на гимназијата, Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик, Гордана Ниџан, и училишната секретарка, Нисвета Кљуниќ.

„Пукањето се случило во 10:15 часот. Машко лице со огнено оружје убил тројца вработени во училиштето. По тоа, најверојатно, се обидел да си пресуди и добил тешки физички повреди. Тој е префрлен на Ургентниот центар во Бања Лука. Полицијата е на самото место“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на Унско-санската жупанија.

Пукал чуварот Мехмед Вукалиќ, пишува Nezavisne novine.

Во моментот кога нешто по 10 часот во училиштето беше извршено тројното убиство, во тек биле поправните испити, но нема потврда дали и колку ученици имало во зградата, информираат босанските медиуми.

Како што неофицијално дознава N1, напаѓачот веќе извесно време имал несогласувања со раководството на училиштето и претходно се жалел на дискриминација.

Против него е спроведена дисциплинска постапка и утринава, според неофицијални информации, тргнал во целна потрага по лицата што биле во тие дисциплински комисии и пукал во нив. N1 неофицијално дознава дека напаѓачот имал и психички проблеми.

Во тек е полициска истрага, а училиштето е опколено од огромни полициски сили, јавува Nezavisne novine. На самото место се собрале голем број професори, кои се во шок бидејќи многумина од нив биле сведоци на нападот.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Регион

Ѓукановиќ: Ситуацијата на Балканот е многу полоша отколку пред 10 години

Read more

Албанскиот премиер ја пречека Џорџа Мелони на колена

Read more

Грција воведе нови такси за туристите: Што треба да знаете пред да тргнете на одмор?

Read more

Граѓаните се судрија со полицијата во Нови Сад, фрлен солзавец

Read more
 

Вести

Маск потроши 250 милиони долари на Трамп: Мислам дека е доволно

Читај повеќе

Утре облачно време, попладне дожд

Читај повеќе

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе