ПРЕД ОФИЦИЈАЛНАТА ПРЕМИЕРА

Maserati откри како изгледа новиот GranTurismo

Сè уште не е познато колкава моќност ќе има трилитарскиот Nettuno V6 мотор на Maserati во новиот GranTurismo.

Во пресрет на официјалната премиера, неочекувано пристигнаа фотографии од Maserati кои покажуваат како изгледа најновото издание на моделот GranTurismo Coupé, кое ќе биде придвижувано од мотор со внатрешно согорување.

Познато е дека автомобилот ќе биде придвижуван од V6 битурбо моторот Nettuno кој Maserati го разви за суперспортскиот двосед MC20, но сè уште не се знае колкава моќност ќе има моторот во помалку агресивната GT каросерија што Maserati наскоро ќе ја понуди во „open-air“ верзијата GranCabrio.

За потсетување, трилитарскиот Nettuno во моделот MC20 развива 630 коњски сили и 730 Nm максимален вртежен момент. Во Maserati беше пригушен на 530 КС и 620 Nm за лансирање на SUV моделот Grecale, па се очекува потенцијалот во верзиите GT да биде некаде помеѓу.

Заедно со еволутивниот пристап при дизајнирањето на новиот GranTurismo, веројатно најзначајната новост е дека на врвот на гамата на GranTurismo ќе се најде електричната верзија на Folgora, чии три електромотори произведуваат 1.200 КС, што е доволно за забрзување од 0 до 100 км/час за 2,6 секунди и повеќе од 320 км/час максимална брзина.

Новиот GranTurismo треба да се појави во продажба следната година. Претходно беше најавено дека Maserati ќе го понуди секој модел во комбинација на конвенционални и електрични погонски единици до средината на деценијата, а Ghibli ќе оди во пензија во 2024 година.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more
 

Автомобили

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе