Maserati се здружи со Mattel и ја создаде Grecale Barbie Edition

Ако се прашувате што Барби вози денес, вашиот одговор го има Maserati.

Во здружени сили со компанијата Mattel, а низ својата Fuoriserie програма, Maserati го создаде автомобилот Grecale Barbie Edition.

Ќе бидат произведени само два примерока, а првиот веќе пристигна. Како што можеше и да се очекува, каросеријата е лакирана во розова боја, но кога автомобилот е изложен на сонце се приметува ефект на виножито.

Grecale има жолти детали околу решетките на ладилникот, на капакот од моторот, како и свој логотип во централниот дел од фелните. Исто така, потписот на Барби (Barbie) може да се види над трите вентилациски отвори сместени под страничните ретровизори. Специјална буква B го краси столбот C.

Внатрешноста е облечена во црна кожа со розови конци, што прави контраст, токму како и другите детали во истата боја. Знакот B се наоѓа на потпирачите за глава.

Grecale е естетски импресивен, но има и одлични перформанси бидејќи всушност станува збор за моделот Trofeo кој го покренува 3,0-литарскиот V6 Nettuno мотор на Maserati. Овој мотор развива 523 КС и 620 Нм вртежен момент.

Првиот примерок од моделот Barbie Grecale беше претставен во Лос Анџелес, а 10% од износот кој новиот сопственик ќе го издвои ќе замине во проектот Barbie Dream Gap. Овој проект е дел од иницијативата која соработува со хуманитарни организации кои пружаат еднакви прилики во отстранувањето бариери за девојчиња ширум светот.

Се проценува дека автомобилот вреди 330 илјади долари, а вториот примерок треба да пристигне наредната година.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе