Машката брада природно ги привлекува жените, но има и причини за одбивност

Со брада или без? Какви жени навистина сакаат мажите? Неколку истражувања на оваа тема дадоа ист одговор, исто како и една најнова студија која откри и еден необичен детаљ.

Кога станува збор за привлечноста, сѐ зависи од личните афинитети, но и статистиката има нешто да каже по ова прашање.

Новата студија се занимаваше со прашањето дали на жените им се попривлечни мажи со брада или без брада, па дојде и до неочекувани сознанија.

Жените природно ги првивлекуваат „најмажествените“ мажи, а мажите „најженствените“ жени, а причината за тоа се крие во потсвесната желба за што е можно подобар репродуктивен и генетски материјал.

Кај мажите, за мажественоста придонесуваат висината, колку се мускулести и дали имаат брада.

Студија од 2013 година се занимаваше со прашањето околу машката брада и привлечноста кај жените: подобро поминаа оние мажи кои имале брада. Најпривлечни на жените им биле мажи со многу брада, додека оние со средувана брада или кои редовно се бричеле им биле помалку атрактивни на жените.

И во новата студија мажите со помажествено лице и со брада поминале подобро од оние со нежни црти и избричено лице. Резултатите биле исти и во групите со испитанички кои барале кратка врска и кај оние кои барале нешто посериозно.

Се покажало дека широките лица, изразените веѓи и густата брада најмногу ги привлекуваат жените.

Интересниот факт е дека жените кои се плашат од крлежи, вошки, болви и зарази ги сметаат брадите за непривлечни. Студијата покажа дека кај жените кои се гадат од паразити, брадата е „црвен аларм“ и мажите кои носат брада им се автоматски непривлечни.

Ова има смисла од еволутивен аспект. Се смета дека луѓето еволуирале во суштества кои имаат помалку влакна на телото делумно поради тоа што така се намалува ризикот од носење паразити кои пренесуваат болести.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе