Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден
Не дозволувајте изговорите да ве оддалечат од вашата цел да живеете поквалитетен, поздрав живот.
Најчесто изговорот е дека немаме време, но, како што неодамна објаснија дечките од Fit Father Project - Fitness For Busy Fathers, ако почнете да станувате порано и го користите утрото за низа активности, за кратко време ќе почнете да ги чувствувате предностите.
Во нивното ново видео, покажуваат како со само 7 минути вежбање наутро ќе го раздвижите метаболизмот и може да почнете да ги исполнувате вашите фитнес цели за да имате енергија за еден совршен ден.