ОДМАРА ОД ФУДБАЛОТ

Масимилијано Алегри: Морам да се вратам во септември

Масимилијано Алегри уште ужива во одморањето од фудбалот откако замина од клупата на италијанскиот првак Јувентус на крајот на минатата сезона, но рече дека ќе мора да се врати на почетокот на следната.

Поранешниот тренер на Милан и Јуве го поврзуваат со бројни великани во европскиот фудбал, а еден од клубовите кои би сакале да го имаат Италијанецот на својата клупа е и француски ПСЖ.

Алегри е во Франција каде ја промовира својата книга, но ги демантираше гласините дека ќе дојде на „Паркот на принцовите“.

„Нема преговори со ПСЖ. Би било покажување непочитување кон другите ако преговарам со Леонардо. Во Париз сум, градот е прекрасен, но тука сум за да ја промовирам книгата. Уште не знам ништо за мојата иднина“, рече Алегри, но сепак најави враќање.

Откако се појави информацијата дека почнал да учи англиски јазик, многумина шпекулираа дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

„Морам да се вратам во септември. Ако се навикнам на одмор, веќе нема да работам. Затоа морам пак да учам. Англиски учам прво за себе, за да можам да комуницирам кога одам во странство“, рече Алегри.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе