Илон Маск се огласи по извештајот на New York Timesa за е-поштата што директорката на Х, Линда Јакарино, ја испратила до персоналот во која ги известува вработените за затворањето на канцеларијата. Сите вработени ќе бидат преместени во Сан Хозе и Пало Алто.
Оваа информација доаѓа неколку недели откако Маск објави дека ќе го пресели седиштето на X и SpaceX во Тексас. Тој рече дека поради новите закони, особено оној што ги спречува училиштата да донесуваат правила кои бараат од персоналот на било кој, вклучително и на родителите, да им соопштува информации за родовиот идентитет на детето.
„Нема друг избор. Невозможно е да се прави бизнис во Сан Франциско ако обработувате плаќања. Затоа заминаа Stripe, Block (Cash App) и други“, рече Маск.
Во јули, тој рече дека канцелариите на X и SpaceX ќе се преселат во Тексас, откако Калифорнија ќе воведе закон за родов идентитет. Тогаш тој посочи дека овој закон е „последната капка“.
Како одговор, демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, се огласи ан Х и објави скриншот од 2022 година, што всушност е објава на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во која го критикува Маск.
Маск го купи Х за 44 милијарди долари и веднаш почна да прави големи промени, вклучително и намалување на работната сила и модерирање на содржината на платформата. Tesla го пресели своето седиште во Тексас во 2021 година и е жител на оваа држава, која нема данок на доход.
Така, поранешниот Twitter го напушта градот каде што е основан во 2006 година.