Маск и Безос се препукуваат: Кој е крал на сателитскиот интернет?

Сателитите во ниска орбита (LEO) за широкопојасен пристап до интернет покажуваат знаци на голем потенцијал. Тоа може да им заштеди милијарди долари на потрошувачите, но и да им донесе милијарди на оние кои управуваат со сателитите.

SpaceX и Amazon, предводени од двајцата најбогати луѓе во светот, Илон Маск и Џеф Безос, се препукуваат за ривалските сателитски интернет-проекти, обвинувајќи се еден со друг за „задушување на конкуренцијата“, пишуваат светските медиуми.

Маск, извршен директор на SpaceX, кој лани „тежеше“ 209 милијарди долари, го симна Безос, чија нето вредност се проценува на 192 милијарди долари, од тронот на најбогатиот човек на светот.

Но, за споредба, дури и толку „осиромашениот“ Безос имаше поголем БДП во 2020 година од повеќе од половина од земјите во светот, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Познато е и дека не се баш пријатели, а Безос испрати нова „отровна стрела“ вчера, со соопштението дека компанијата на Маск, SpaceX, при развивање на проектот Starlink направила промени кои би можело да резлтираат со „создавање на поопасна средина за вселенски судири“ и дека тие промени исто така би можеле да ги зголемат пречките во радиокомуникацијата.

Сателитите во ниска орбита (LEO) за широкопојасен пристап до интернет покажуваат знаци на голем потенцијал. Овие потфати во ниската орбита на Земјата може потенцијално драматично да го сменат пазарот на широкопојасен интернет и да им заштедат на потрошувачите десетици милијарди долари, проценуваат експертите.

„Очигледно е во интерес на SpaceX да ја задуши конкуренцијата на самиот почеток, но секако не е во интерес на јавноста“, смета Безос.

Маск не се двоумеше да му одговори и да го „боцне“ на сметка на бавноста на неговата компанија да одговори на технолошкиот предизвик на ривалот.

„Не е од јавен интерес Starlink да биде попречен од сателитскиот систем на Amazon, што е, во најдобар случај, години далеку од реализација“, напиша Маск на Twitter.

URL

Starlink е огромна констелација на интернет сателити, а SpaceX досега лансираше повеќе од 900. Компанијата на Маск има дозвола од сојузните власти на САД да лансира илјадници сателити, но сега бара дозвола од Федералната комисија за комуникации (FCC) да постави неколку илјади сателити во долната Земјина орбита.

Amazon веќе обезбеди дозвола од FCC за поставување сателити во орбитата на околу 590 километри од површината на Земјата, но досега не лансираше ниту еден сателит.

SpaceX би поставил околу 3.000 сателити во орбитата доколку FCC одобри измени на постојната лиценца. Сателитите би орбитирале на надморска височина од 540 до 570 километри од површината на Земјата и, како што се жали Amazon, би предизвикало мешање на сигналот на неговите сателити од проектот Kuiper.

Исто така, Amazon посочува во писмото до FCC, дека постои опасност од судир на сателитите од флотата на Starlink со сателитите од Kuiper.

Директорот на програмата за сателити на SpaceX, Дејвид Голдман, ги отфрли забелешките и во писмото до FCC напиша дека нивниот конкурент „ги игнорира повеќето модификации“ предложени од SpaceX и дека Безос го истакнува само она што му одговара во неговите обвинувања, а остатокот го премолчува.

Голдман истакнува дека тврдењата на Amazon „доведуваат до погрешен заклучок“ дека нивната единствена цел е да ја „осуетат“ конкуренцијата.

Според некои проценки, околу 6.000 сателити кружат околу Земјата, а до 2028 година бројот може да се искачи на 15.000. Вселенскиот отпад што во голема количина го сочинуваат овие сателити, патува со неверојатно голема брзина поголема од 22.300 км/ч, така што може да предизвика значителна штета на кој било предмет што ќе го погоди.

SpaceX тврди дека нивните сателити се направени така за да може да изгорат во атмосферата за неколку години.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе