Маск му понуди 5.000 долари на тинејџер: Престани да ми го следиш авионот

Илон Маск му понуди 5.000 долари на еден тинејџер за да престане да го следи неговиот приватен авион на Twitter.

На Twitter профилот Elon Musk's Jet, кој го води 19-годишниот Џек Свини, може да се види движењето на приватниот авион на Илон Маск. Свини на својот профил објави преписка од разговорот со Маск, кој минатата есен му пријде со молба, да престане да го следи неговиот авион.

„Можеш ли да го деактивираш ова? Безбедносен ризик е“, му напиша Маск.

„Да, можам, но ќе ве чини колку и Model 3“, му одговори тинејџерот.

Маск му порача дека не сака да има работа со „лудаци“, но сепак на крајот му понуди 5.000 долари.

„Има ли шанси тоа да се зголеми на 50.000 долари? Би ми било од огромна помош со факултетот и можеби ќе ми овозможи да си купам автомобил, можеби дури и Model 3“, праша Свини.

Маск му одговори дека ќе размисли, но оттогаш се нема огласено.

Свини го следи приватниот авион на Маск со употреба на бот и јавни податоци од Федералната авијациска администрација и редовно ја потенцира локацијата на авионот, соопштувајќи на пример дека слетал во Остин по шестчасовен лет.

Профилот има над 90.000 следбеници и по неколку стотици лајкови од твит. Џек Свини е студент на Универзитетот во Централна Флорида.

URL

 

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе