Илон Маск го привлече вниманието на отсуството на какви било обиди за убиство на американскиот претседател Џо Бајден или Камала Харис, а претседателскиот кандидат на Републиканската партија и поранешен претседател Доналд Трамп веќе двапати беше цел на атентат.
„Никој не се обидува да ги убие Бајден или Камала. Зошто сакаат да го убијат Доналд Трамп?“, напиша Маск на Х. Потоа ја избриша објавата.
Ohhhh you deleted that post pic.twitter.com/Jfw4Kz8PTc
— Franklin (@franklinisbored) September 16, 2024
Федералното биро за истраги синоќа соопшти дека го истражува пукањето во близина на теренот за голф на Трамп на Флорида и дека случајот се третира како обид за убиство на поранешниот претседател.
Американската тајна служба потврди дека нејзин агент отворил оган врз вооружен маж на терен за голф.
Осомничениот Рајан Раут побегнал во својот автомобил кога испукал неколку куршуми, но бил забележан од сведок, кој ги фотографирал неговиот црн теренец Nissan и регистарската табличка.