Маск објави видео од апсење: Ова е Британија или Советскиот Сојуз?

Илон Маск ја продолжува расправијата со британскиот премиер сер Кир Стармер за немирите што ја зафатија Велика Британија.

Милијардерот објави видео на X на кое се гледа како полицајци апсат маж поради навредливи коментари на Facebook.

„Уапсен поради коментар на Facebook! Дали е ова Британија или Советскиот Сојуз? Дали е ова вистина @Community Notes“, напиша Маск, означувајќи ја услугата за проверка на факти на X.

На видеото се гледа како полицаец му кажува на мажот дека е уапсен под сомнение дека неправилно користел електронска комуникациска мрежа.

Споменатото кривично дело се однесува на испраќање пораки со „јасно навредлив, непристоен или заканувачки карактер“ и може да резултира со максимална затворска казна од шест месеци или парична казна.

Немирите почнаа по смртоносниот напад со нож

Маск, исто така, го праша Стармер: „Зошто сите заедници не се заштитени во Британија?“.

Тоа беше коментар на видеото на кое се гледа толпа маскирани луѓе околу паб, а некои од нив веат палестинско знаме. Маск даде слични коментари во понеделникот, откако Стармер рече дека нема да толерира напади врз муслиманските заедници.

Џамиите и хотелите во кои се сместени баратели на азил беа меѓу целите на немирите низ Британија минатата недела, пишува Sky News. Расправијата меѓу британскиот премиер и американскиот мултимилијардер започна кога Маск изјави дека „граѓанската војна е неизбежна“ во Велика Британија.

Немирите започнаа во Саутпорт минатиот вторник по фаталниот напад со нож во кој беа убиени три девојчиња. Немирите потоа се проширија и во другите градови низ земјата. Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда, е одговорен за убиството на трите девојчиња.

реклама

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Read more

Свет

Медведев: На светот не му треба златното доба на Америка, туку развојот на човештвото

Read more

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Read more

Гори хотел во ски-центар во Турција: Најмалку 66 мртви, луѓе скокаат од прозорците

Read more

Најскапата фотка во историјата е направена на инаугурацијата на Трамп - вреди 900 милијарди долари

Read more
 

Вести

Медведев: На светот не му треба златното доба на Америка, туку развојот на човештвото

Читај повеќе

Дел од неколку населби во Скопје без струја

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода

Читај повеќе

Променливо облачно време со минимални температури до -1

Читај повеќе

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Читај повеќе

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Читај повеќе
  • play_arrow

Гори хотел во ски-центар во Турција: Најмалку 66 мртви, луѓе скокаат од прозорците

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Читај повеќе

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Читај повеќе