Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе во светот

Макфакс/Кајгана
/ 25.03.2025 / 09:04

Илон Маск, еден од најпознатите милијардери и сопственик на платформата Х (поранешен Твитер), беше гостин во подкастот на републиканскиот политичар Тед Круз каде откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе во светот. Иако често предизвикува контроверзии, овој пат Маск го сподели своето мислење за луѓето на кои многу им се восхитува поради нивната интелигенција и влијание во светот на технологијата и бизнисот.

Тројца генијалци според Маск: Елисон, Пејџ и Безос

Маск ги наведе следните имиња: Лери Елисон – коосновач на Oracle и поранешен член на одборот на директори на Tesla, Лери Пејџ – коосновач на Google и Џеф Безос – основач на Amazon и вселенската компанија Blue Origin.

Зборувајќи за Елисон, кој беше член на одборот на Тесла помеѓу 2018 и 2022 година, Маск го опиша како „еден од најпаметните луѓе што ги познава“. Покрај деловната соработка, Елисон наводно инвестирал 1 милион долари за да му помогне на Маск да ја преземе платформата X во 2022 година.

За Лери Пејџ, Маск рече дека неговиот успех и претворањето на Google во глобален технолошки гигант се директен резултат на неговата исклучителна интелигенција. „До одреден степен, паметен човек е некој што прави паметни работи“, коментира Маск. Иако претходно беа блиски пријатели, нивната врска се залади поради несогласувањата околу развојот на вештачката интелигенција, пишуваат странските медиуми.

Трет на листата е Џеф Безос, со кого Маск има долга историја на ривалство, особено кога станува збор за вселенската индустрија. Но, тој исто така го пофали: „Џеф Безос се соочи со многу сложени и значајни предизвици“, рече Маск, мислејќи и на неговата работа со Blue Origin.

Иако се натпреваруваа со години, особено во трката за освојување на вселената, Маск сподели меме на почетокот на оваа година што сугерираше дека тензиите меѓу него и Безос почнуваат да се намалуваат. Ова поттикна шпекулации дека врската меѓу двајцата милијардери сепак може да се подобрува.

Тагови
реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

Вести

Два грбави кита срушија рекорд пливајќи меѓу Австралија и Бразил

Read more

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Read more

Microsoft враќа некои од старите функции во Windows 11

Read more

Microsoft враќа омилена функција во Windows 11

Read more
 

Гик

Два грбави кита срушија рекорд пливајќи меѓу Австралија и Бразил

Читај повеќе

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Читај повеќе

Крај на бесплатното твитање: X воведува драстични ограничувања, дури и на приватните пораки

Читај повеќе
  • play_arrow

За кои ретро мобилни телефони колекционерите денес плаќаат десетици илјади долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астероид денеска поминува блиску до Земјата: Каде можете да го гледате?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Читај повеќе

Microsoft враќа некои од старите функции во Windows 11

Читај повеќе

Microsoft враќа омилена функција во Windows 11

Читај повеќе

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Читај повеќе