Маск: Роботот Tesla Optimus може да биде учител, придружник и бебиситерка

Извршниот директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, повторно даде храбри изјави за роботот Optimus на Tesla.

Маск рече дека роботите ќе ја зголемат вредноста на Tesla на 25 илјади милијарди и дека илјадници од нив ќе работат во фабриките на оваа компанија до следната година.

Тој исто така рече дека Optimus не само што ќе служи како практичен робот, туку ќе стане придружник, дури и бебиситерка.

Најновиот модел на Tesla роботот Optimus ја носи ознаката Gen 2 и доби неколку подобрувања во споредба со претходната верзија. Тие подобрувања вклучуваат раце со 22 степени на слобода, кои му овозможуваат на роботот да изведува различни вешти дејства. 

Сепак, тврдењата на Маск секогаш треба да се земат со резерва, барем така налага искуството. Меѓу другото, во 2021 година тој тврдеше дека Tesla ќе има целосно самоуправувачки автономни возила на ниво 5 до крајот на годината. на ракетата Falcon 9.

Optimus има некаква функционалност на голем јазичен модел (LLM) како ChatGPT за да може да разговара со сопственикот. Тоа е во согласност со целокупната визија на Маск да ги направи технологиите на „научна фантастика“ попристапни. Сепак, идејата дека Optimus може да стане човечки придружник во блиска иднина изгледа тешко да се спроведе.

Маск зборуваше за Optimus за време на годишното собрание на акционери во Остин, Тексас.

„Тој е ваш придружник, може да биде во вашиот дом, да ги чува вашите деца и да игра улога на учител. Може да врши и фабрички работи. Мислам дека секој во светот ќе сака да го има, буквално сите“, рекол Маск.

Маск е познат по тоа што е отворен и контроверзен на неговата платформа X. Тој во минатото изјави дека верува дека на возрасните без деца треба да им се одземе правото на глас. Тој отворено зборуваше за падот на наталитетот, кој го нарече најголемата опасност со која се соочува цивилизацијата.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Вести

Хаос во Microsoft: Дали корисниците на Windows 11 се во опасност?

Read more

Климатски промени: Светот ќе го избегне најлошото сценарио, но ризиците остануваат

Read more

Два грбави кита срушија рекорд пливајќи меѓу Австралија и Бразил

Read more

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Read more
 

Гик

Колку долго ќе го користите вашиот нов iPhone пред да стане „застарен“?

Читај повеќе

Хаос во Microsoft: Дали корисниците на Windows 11 се во опасност?

Читај повеќе

Климатски промени: Светот ќе го избегне најлошото сценарио, но ризиците остануваат

Читај повеќе

Два грбави кита срушија рекорд пливајќи меѓу Австралија и Бразил

Читај повеќе

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Читај повеќе

Крај на бесплатното твитање: X воведува драстични ограничувања, дури и на приватните пораки

Читај повеќе
  • play_arrow

За кои ретро мобилни телефони колекционерите денес плаќаат десетици илјади долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астероид денеска поминува блиску до Земјата: Каде можете да го гледате?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Читај повеќе