Маск се огласи за обвинувањата дека извел нацистички поздрав: Им требаат подобри валкани трикови

Макфакс
/ 21.01.2025 / 13:10

Илон Маск се огласи откако се соочи со обвинувања дека извршил нацистички поздрав за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.

За време на прославата на инаугурацијата во арената „Капитол Уан“ во Вашингтон, Маск, извршниот директор на Tesla и основач на SpaceX, изведе движења што потсетуваа на нацистички поздрав.

Се чинеше дека е воодушевен од можноста да испрати човек на Марс и да постави американско знаме на таа планета додека се удираше по градите и ја испружи десната рака кон небото.

„Ви благодарам, моето срце оди кон вас“, рече тој пред да се сврти и да го повтори бизарниот гест кон американското знаме.

Овој потег предизвика контроверзии на интернет, а многумина го опишаа гестот како фашистички или необичен поздрав.

Новинарката на CNN, Кејси Хант, рече дека движењето „потсетува на работи што сме ги виделе во историјата“ и „не е нешто што обично го гледате на американските собири“.

Други на Х го обвинија Маск за изведување нацистички поздрав и дека тоа е јасно како ден, а трети тврдат дека потегот е неодбранлив и не можел да биде случајност бидејќи го направил тоа двапати.

Меѓутоа, во одбрана на Маск застана Anti-Defamation League, организација што се бори против антисемитизмот.

„Се чини дека тој направи незгоден гест во момент на ентузијазам, а не нацистички поздрав, но, повторно, ги цениме луѓето што внимаваат на овие работи“, објави организацијата на Х.

Тие ги повикаа сите политички партии да ги „намалат тензиите во овој деликатен момент“ и да работат заедно кон единство.

Американската конгресменка Александриа Окасио-Кортес возврати на групата со седиште во Њујорк.

„Само за да бидам јасна, вие го браните поздравот ‘Хајл Хитлер’, кој беше изведен и повторен за нагласување и јасност. Луѓето сега и официјално може да престанат да ве гледаат како кој било релевантен извор на информации. Вие работите за нив. Ви благодариме што им го разјаснивте тоа на сите“, напиша таа.

Маск одговори со коментар велејќи дека Окасио-Кортес целосно го изгубила умот.

„Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападот ‘сите се Хитлер’ е толку истрошен“, напиша тој во продолжение.

Тагови
реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Свет

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Read more

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Read more

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Read more

Што договорија Русите и Американците во Ријад?

Read more
 

Вести

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Читај повеќе

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Читај повеќе

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Читај повеќе

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Читај повеќе

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Читај повеќе

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе

Се степале војници од Кондово и од Матка

Читај повеќе

Околу 800 лица направиле сообраќаен прекршок вчера – затекнати и пијани возачи, но и без дозволи

Читај повеќе