Маска што штити од вируси и од надзорни камери
Проектот BLANC е маска што го пречистува воздухот и штити од софтвер за идентификација, а собра над 150.000 долари во текот на Kickstarter кампања.
Користи ХЕПА филтри, а цената е 85 долари. Тој што ќе ја носи оваа маска е заштитен од бактерии, вируси и други патогени, соопшти произведувачот.
Најавени се и софтверски унапредувања како модулатор на гласот, Bluetooth врска и додатоци за проширена реалност, пренесе Daily Mail.