Три непознати маскирани лица синоќа околу 20.45 часот извршиле разбојништво над Ш.Б (51) во село Добридол, гостиварско.
Дододека оштетената била во својот дом, поточно во помошна просторија-летна кујна, сторителите со закана со пиштол побарале злато и пари од неа. Таа им дала 5.000 денари и лицата заминале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.