Свет

Маскирани напаѓачи со палки ги тепаа демонстрантите во Хонгконг

22. јули 2019 - 15:54 | Б.С.Б.

Хонгконг остана во шок по ноќта преполна со насилство во која маскирани мажи ги напаѓаа демонстрантите и минувачите во железничката станица Јуен Лонг, пренесува BBC.

Ова е прв пат да се види вакво насилство од овој тип од почетокот на демонстрациите против договорот за испорачување граѓани на Кина. Некои од законодавците се запрашаа зошто на полицијата ѝ беше потребно толку долго време за да дојде на местото на настанот.

„Хонгконг се вбројува во земјите со најмногу полицајци по глава на жител. Каде беа?“, праша еден од нив.

Од болницата Authority изјавија дека 45 луѓе на возраст од 18 до 64 години се сериозно повредени во нападот, а еден маж е во критична состојба. Нападот на маскираната група уследи по протестот за поддршка на демократијата во центарот на Хонгконг, каде полицијата користеше солзавец и гумени куршуми за да ја смири толпата. Маскираните мажи упаднаа на железничката станица Јуен Лонг во 22:30 часот по локално време и ги напаѓаа луѓето кои се враќаа од протестот.

На снимките се гледа како десетици луѓе со маски, облечени во бело, се движат низ метро станицата и тепаат патници. Ги напаѓаа и на станицата и во возот. Меѓу нападнатите има трудници и мајки со мали деца.

„Ги тепаа луѓето без оглед за кого станува збор, дури и луѓето кои се враќаа тоа време од работа. Некои мажи нè штитеа, не им возвраќаа бидејќи ќе нè тепаа уште повеќе. Тепаа дури и жени и деца“, раскажува жена која се нашла во метро станицата.

Снимката направена во внатрешноста на возот покажува патници како врискаат и плачат и се обидуваат да се заштитат со чадори додека се нападнати. Напаѓачите користеле дрвени и метални стапови и палки. Една новинарка е претепана бидејќи снимила напад.

Кога полицијата пристигнала по 11 часот напаѓачите веќе биле заминати, а луѓето сакаат да знаат зошто им требало толку долго време за да се појавата на местото на настанот.

„Ова е апсолутно неприфатливо за Хонгконг како општество кое се основа на владеење на правото. Владата го осудува секое насилство и секако ќе делува“, стои во владиното соопштените.

Коментирај