Рано изутрина маскирани лица ограбиле три бензински пумпи во Скопје.
Во периодот од 04:05 часот до 04:15 во Скопје во бензинските пумпи на „Супер Оил“ (на ул.„Перо Наков“ бб.), на „Макпетрол“ (на ул.„Методија Андонов Ченто“ бб) и на бензинската пумпа „Аива Оил“ (лоцирана пред село Арачиново) извршени се разбојништва.
Притоа и во трите случаи две маскирани лица со закана од пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.