Маските на отворено задолжителни - изгласани измени на Законот за заштита на населението од заразни болести

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Законот, чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, беше донесен по скратена постапка. 

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана  и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места  и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.

Законот ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна  при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е  казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра, објави mk.tv21.tv

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени на Законот произлегуваат од сѐ поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки.

-Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очгиледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, рече Филипче.

Тој наведе дека власта и опозицијата на седницата на Комисијата за здравство постигнале консензус за амандманите и ги усогласиле, а тие се однесуваат на задолжителното носење на лична заштита опрема на лицето, во смисла на маска, шал, марама… при излегување надвор од својот дом, задолжително при движење на јавни места, површини на отворен простро, пазари, јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки.

Исклучоци:

  • При спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • При возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кое/кои живее во заедница;
  • При престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со  кое/кои заедно живеат во заедница;
  • При седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • Ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
  • Ако лицето е помладо од 6 години; и
  • Ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

„Уште нешто што е веќе уредено со Уредба, е задолжителна самоизолација при тестирање за коронавирусот. По закажувањето на тестот или самото тестирање до добивањето на резултатот секако дека самоизолацијата продолжува ако е резултатот позитивен и забраната за групирање на јавен простор, како и јавни површини во одредени периоди од деноноќието“, истакна министерот.

Пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во обраќање на собраниската седница укажа дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ од Законот е избришана мерката за забрана на групирање во домовите. Ова, додаде тој, следи по нашето укажење за повреда на домот и приватноста предвидени во Уставот.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица рече дека ќе гласа воздржано за законските измени и оти „во медицината е дилетант и она што ќе го каже може да биде затемнето со неточности“. Но сепак, рече дека очекува извинување од министерот Филипче кого го нарече „министер за задгробен живот за грешките кои ги направил во менаџирањето во кризата“. Апасиев истакна дека недостасуваат податоци за починатите и дека според него сите се запишуваат како починати од коронавирусот, дека нема транспарентност за употребената терапија на заболените…

Пратеникот Сашко Николов од СДСМ во реплика на Апасиев му посочи дека за пандемијата е лаик и дека не се само во нашата држава зголемени бројките на заразени, туку дека денеска и во, Франција, Холандија… Германија која има околу 15.000 новозаразени. Николов побара продуктивност од опозицијата за, како што рече, народот да добие правец на правилно делување, а не да се делува со напади и смешни изговори.

Во измените и дополнувањата на Законот стои дека Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од заразни болести.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе