Маските задолжителни, полицијата ќе ја засили контролата

Од вчера е укинат полицискиот час. Но, и покрај олабавувањето на рестриктивните мерки, во сила остануваат препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од коронавирусот.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат мерките и препораките, особено за задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на рацете, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра.

– Само преку почитување на овие мерки, може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот, порачуваат надлежните.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека здравствениот систем добро функционира, добро ги менаџира сите новодијагностицирани случаи и може полека да се враќа животот во нормала, но, сепак, потребно е внимание и почитување мерките. Попуштаме со рестрикциите, но не сакаме да ги преполниме болниците. Во оваа ситуација сите имаме одговорност – да ги почитуваме мерките. Од сите нас зависи и нашето индивидуално здравје, здравјето на нашите најблиски, но и колективното здравје, истакнува Филипче.

Предупредува дека е можен втор бран на вирусот наесен, и во тој случај повторно би се имплементирале рестриктивните мерки, но како што вели, државата е подготвена и располага со дополнителен капацитет и опрема на клиниките.

Од МВР најавија дека и покрај укинувањето на рестрикциите за движење, полицијата и натаму ќе врши и ќе ја зајакне контролата на спроведувањето на владините одлуки за заштита на здравјето и животот на граѓаните, особено за носењето заштитна опрема и држењето на потребната дистанца.

– Апелирам да го задржиме потребното ниво на одговорност и дисциплина и да ги почитуваме мерките и одлуките на Владата за задолжително користење лична опрема, за групирање и држење физичка дистанца. МВР останува посветено на контрола на овие одлуки на Владата и заштита на здравјето и животот на граѓаните, порача министерот Наќе Чулев.

Според евиденцијата на полицијата, досега 1973 граѓани се санкционирани за непочитувење на обврската за задолжително носење лична заштитна опрема. Само вчера биле регистрирани 284 такви прекршоци.

Министерството за здравтсво соопшти дека во изминатотото деноноќие се потврдени нови 25 случаи на COVID-19, три лица починаа, а 17 се оздравени.

Од новозаболените, 14 се во Скопје, четворица во Штип, по двајца во Куманово и во Тетово, и по еден во Прилеп, Струга и Велес.

Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати 119, а во моментов активни случаи се 450.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more
 

Вести

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе