Масовна гробница најдена во Ел Салвадор, жртвите најверојатно се убиени од злогласена банда

Во Ел Салвадор е откриена масовна гробница во која имало вкупно 11 тела, вчера соопшти државниот обвинител.

Телата биле пронајдени источно од главниот град Сан Салвадор, каде се смета дека биле жртви на злогласената банда МС-13, а биле исчезнати во 2017 и 2018 година.

Вкупно 128 членови биле притворени.

Продолжува потрагата по исчезнатите лица во областа околу Илопанго, на само неколку километри источно од главниот град.

Агенција пренесува дека елсалвадорските истражни тимови, исто така, очекуваат да ги откријат остатоците од четворицата полицајци кои исчезнаа во 2016 година, објави весникот “Ла Пренса Графика”.

Јавниот обвинител Раул Мелара пред новинарите кажа дека новата администрација на претседателот Најиб Букеле за свој приоритет ја истакна потрагата по исчезнатите лица.

Минатата година во оваа земја повеќе од 3.000 луѓе беа пријавени за исчезнати.

Букеле, кој власта ја презеде на 1 јуни, вети дека  во следните четири години ќе ги уништи насилните младински банди. Според официјални проценки, 70.000 луѓе припаѓаат на таквите банди.

Ел Салвадор има една од највисоките стапки на убиства во светот. Минатата година имаше 51 убиство на 100.000 жители – но тоа беше само половина од убиствата што беа регистрирани пред три години.

Централна Америка генерално се смета за еден од најнасилните региони во светот. Секоја година стотици илјади луѓе бегаат од насилствата и сиромаштијата, обидувајќи се да влезат во САД преку Мексико.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе