Масовна прослава на шампионската титула на Интер

Повеќе од 30.000 навивачи на Интер на плоштадот Дуомо бучно ја прославија првата шампионската титула на клубот, по пауза од 11 години.

Навивачката прослава почна спонтано откако второпласираната Аталанта ремизираше на гостувањето кај Сасуоло (1:1) што на Интер му донесе недостижни 13 бодови предност на четири кола пред крајот на италијанското првенство.

И покрај забраната за групни собирања и мерките за социјална дистанца, илјадници навивачи на Интер со „сино – црни“ знамиња, димни бомби и пеење навивачки песни го „окупираа“ плоштадот пред миланската катедрала.

-Ова е ослободување по едногодишно страдање, изјави еден навивач на Интер, додека друг додаде „денеска ја славиме титулата, утре ќе размислуваме за вирусот“.

Играчите на Интер титулата ја прославија на социјалните мрежи.

-Сонот стана стварност, напиша Ромелу Лукаку, кој на Instagram објави видео како вози низ градот со развиорено клупско знаме.

Творецот на шампионскиот Интер, Антонио Конте, рече дека ова е еден од најголемите успеси во неговата тренерска кариера.

-Среќни сме поради сите овие луѓе кои работеа Интер да ја освои титулата. Ова е еден од најважните успеси во мојата кариера, изјави Конте.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како Израел со децении ја презема територијата на Палестина?

Read more

Интересот за вакцинација се зголемува, вчера вакцинирани 14.976 граѓани

Read more

Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Read more

Кладилничарски идиот на денот

Read more

Фудбал

Сепак крај на сезоната за Ибра, но се враќа за ЕУРО

Read more

Пех за Холандија: Ван Дајк сам се повлече од ЕУРО

Read more

Куман: Не е својствено за Барсa да прими три гола во едно полувреме

Read more

Солскјер му ја честиташе шампионската титула на Манчестер Сити

Read more
 

Спорт

Сепак крај на сезоната за Ибра, но се враќа за ЕУРО

Читај повеќе

Гечевски: Наша чест и обврска е да се запамети името на Буштур

Читај повеќе

Пех за Холандија: Ван Дајк сам се повлече од ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Куман: Не е својствено за Барсa да прими три гола во едно полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Солскјер му ја честиташе шампионската титула на Манчестер Сити

Читај повеќе

Франција не го сака, Лапорт ќе игра за Шпанија на ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемите рекордери во историјата на Лигата на шампиони

Читај повеќе

Пиоли: Милан сѐ уште ништо нема постигнато

Читај повеќе

Борба сепак ќе има: Потврден боксерскиот спектакл Фјури – Џошуа

Читај повеќе