Во понеделникот се одигра одлучувачки натпревар за пласман во највисокиот ранг на узбекистанскиот фудбал меѓу Нетфчи и Турон (0:1). Меѓутоа, по последниот судиски свиреж дојде до масовна тепачка и напад на главниот судија, пренесе Спутник.
Домашните навивачи не можеа да поднесат пораз и опстанок во втората лига, а еден домашен фудбалер виновникот за тоа го виде во главниот судија, удирајќи го со застрашувачки карате потег.
„Цел Узбекистан, целата фудбалска заедница го виде ова. Оние кои учествуваа во инцидентот ќе бидат соодветно казнети“, изјави Шерод Рабаџов, портпарол на фудбалската лига на Узбекистан.