Масовни протести против американските војници во Ирак

Стотици илјади приврзаници на влијателниот радикален шиитски свештеник Муктада ал Садр се собраа денеска во центарот на Багдад, барајќи американски трупи да ја напуштат земјата, во момент на зголемени тензии откако САД на 3 јануари близу ирачката престолнина во воздушен напад го уби иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Од утрово на централниот плоштад во Багдад се слуша: „Не, не Америка!“, пренесува Танјуг. Медиумите забележале и дете со транспарент на кој пишува: „Смрт за Америка. Смрт за Израел“.

На Twitter е објавена и фотографија од демонстранти кои обесија картонски исечок со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, искажувајќи го на тој начин незадоволството од американското воено присуство во земјата.

Патиштата и мостовите што водат кон силно утврдената Зелена зона, седиштето на ирачката Влада и неколку странски амбасади, вклучувајќи ги и САД, беа блокирани со бетонски бариери.

Полицијата, исто така, ги затвори патишта што водат кон местото на протестот, насловен „Марш на милион луѓе“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе