На улиците на Тел Авив денеска продолжија протестите против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и остатокот од владата предводена од него.
Со недели се одржуваат масовни протести, а додека пратениците се вратија во парламентот на израелскиот Кнесет, илјадници луѓе излегоа на улиците.
Покрај оставката на Нетанјаху, се бара и поголемо вклучување во враќањето на заложниците кои моментално ги држи палестинската група Хамас, како и прекин на војната што трае во Појасот Газа од 7 октомври.
Полицијата постави барикади меѓу демонстрантите и Кнесетот, каде што пратениците се вратија по пауза од шест недели.
Денешниот собир започна во Ерусалим, од каде конвој автомобили се упати кон Тел Авив.