Масовниот убиец Брејвик испрати писма до преживеаните и нивните семејства

Масовниот убиец и осуден терорист Андерс Брејвик испратил писма до преживеаните од неговите напади, како и до нивните семејства, јавуваат норвешките медиуми.

Писмата содржат извадоци од неговиот манифест што тој го напишал пред да убие 77 луѓе во планираниот напад на 22 јули 2011 година.

Писмото испратено до организацијата Support Group, која ги поддржува преживеаните и семејствата на жртвите од нападот, се состои од осум страници „бела пропаганда“. Слични пораки беа испратени и до младинскиот огранок на Норвешката работничка партија, чии членови беа цел на нападот, како и до парламентарци.

Норвешкиот политичар Торбјорн Вереиде е меѓу оние кои го добиле писмото.

„Го добив писмото и ми беше многу непријатно. Апсурдно е некој што ви вперил оружје сега да ви праќа писмо“, рече тој.

Државата веќе одлучи да ги блокира комуникациите на Брејвик поради загриженоста дека тој би можел да контактира со истомисленици. До 2016 година испратил и примил околу 3.000 писма.

Брејвик во 2011 година го изврши најсмртоносниот напад во Норвешка од Втората светска војна. Тој на 22 јули истата година постави бомба во комбе во Осло, при што загинаа осум лица, а неколку стотици беа повредени.

Потоа, на 40 километри северозападно од Осло на малиот остров Утоја, тој се маскирал во полицаец и пукал во членовите на младинскиот огранок на Норвешката работничка партија, при што уби 69 луѓе. Преживеаја околу 500 луѓе.

Брејвик доби максимална казна од 21 година затвор.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе