Масовниот убиец Брејвик сè уште е опасен, тврди психијатар по сослушувањето

Државното обвинителство во Норвешка денеска побара неонацистотот Андерс Брејвик да биде задржан во затвор, истакнувајќи дека е исто толку опасен, колку и во времето кога уби 77 лица, во 2011 година.

Брејвик (42), кој тврди дека се одрекол од насилство, побара условно ослободување. Пред десет години тој беше осуден на казна затвор од 21 година, која може да се зголеми ако се процени дека тој е опасен за околината.

-Брејвик е истиот злосторник кој ги повикуваше кај себе младите во Утоја, кои му поверуваа дека ќе им помогне, а тогаш пукаше во нив, кажа главната обвинителка Хулда Карлсдотир.

Денеска заврши последниот ден од сослушувањето, кое од безбедносни причини се премести во спортската сала на затворот во Скиен, на југот од земјата, каде Брејвик ја отслужува казната.

На 22 јули 2011 година, десничарскиот екстремист прво активира бомба близу зградата на Владата во Осло и притоа уби 8 лица. Потоа уби уште 69 лица, најголем дел од нив млади, пукајќи од огнено оружје во летниот камп за млади на островот Утоја.

Брејвик неделава изјави дека се одрекол од насилство. И понатаму ќе се залага за неонацистичките идеи, но, како што рече, на мирен начин.

Во манифестот што го објави пред нападите во 2011 година, Брејвик јавно призна дека ќе го искористи судењето како платформа за ширење на својата идеологија.

Пред тројцата судии тој упати нацистички поздрав, мафташе со пораки испишани на хартија и држеше долги идеолошки тиради.

Казната му беше изречена во 2012 година, по што следуваше периодот од најмалку 10 години затвор пред да може да побара условно ослободување, што беше максимумот во тоа време.

Барањето на Брејвик, кој психијатарот и затворските власти го оценуваат како подеднакво опасен, како и во моментот на нападот, беше априори осудено на неуспех, пренесуваат француски медиуми.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе