ИСПРАЗНЕТО ГНЕЗДО – ПРОЕКТ НА ДИЈАЛОГ ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЛИБЕРАТИВНА ДЕМОКРАТИЈА

Масовно иселување: Зошто си заминуваат луѓето од Македонија и дали би се вратиле?

Масовното иселување од Македонија и феноменот на „одлив на мозоци“ во последните една до две децении станаа препознатлив белег на земјата. Во моментов, и покрај недостатокот на официјални статистики, македонската дијаспора се проценува на над 700.000 лица.

ДИЈАЛОГ – Центарот за делиберативна демократија со поддршка од Civica Mobilitas го спроведе проектот ИСПРАЗНЕТО ГНЕЗДО за детектирање на причините за емигрирање на македонските иселеници, условите за подобрување на животниот стандард и стил во новата држава на престој, предизвиците/жртвите направени на сметка на придобивките и научените лекции.

Поспецифично, истражувањето се занимаваше со прашањата - Во кој степен иселениците биле вклучени во процесите на креирање политики на локално и национално ниво пред заминувањето? Колкаво ниво на доверба во институциите, нивно познавање и комуникација со истите постоело пред граѓаните да се одлучат за заминување?

Проектот беше инспириран од претходен труд на уметницата Марија Конеска, која го продолжува уметничкиот проект „Испразнето гнездо“ со поставка што ќе може да ја видите во видеото што премиерно ќе биде прикажано на овој онлајн настан.

„Градот не останува само без луѓе, останува и без живот! Тоа е причината поради која го започнав моето истражување. Преку разговор со моите сограѓани, познати и непознати, почнав да одам од куќа в куќа, запознавајќи се со причините ЗОШТО ЛУЃЕТО СЕ ОТСЕЛУВААТ. Поминав стотици куќи, запишував инфромации, ги фотографирав куќите, а некаде го евидентирав и физичкиот изглед на иселениците“, изјавува Марија Конеска.

На настанот ќе се обратат авторките на трудот ЕМИГРАЦИИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА „НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ д-р Јосипа Ризанкоска и доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска; Сара Мустафа, Национален координатор за мали грантови нa Цивика мобилитас; Николина Ризанкоска-Антеска, проектен координатор; д-р Златко Николоски, претседател на Нов Контакт, како и м-р Марија Конеска, која ќе зборува за инспирацијата за создавање на уметничките дела.

„Проблемот со масовното иселување не е новост. И во описот за потребата од оваа студија се осврнуваме на мноштвото истражувања и документи за јавни политики кои го тангираат проблемот, особено во делот на младинското емигрирање и таканаречениот феномен на одлив на мозоци. Она што е оригинално во нашето истражување е целната група. Ова е најверојатно единственото досега емпириско истражување кое опфаќа 915 испитаници - иселеници во последните три декади. Затоа ние оваа генерација на иселеници ја нарековме генерација ‘Независна Македонија’.

Наодите ја побиваат досега водечката хипотеза дека иселениците главно заминуваат од државата поради економски причини и ја потврдуваат алтернативната хипотеза дека лошата политичка клима ги тера македонските граѓани на масовно емигрирање.

Фактот дека половина од испитаниците планираат засекогаш да живеат надвор, 63% не би се вратиле ниту при евентуално интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија е сериозен аларм за курсот на политиките во државата. Уште попоразителни се оние 87% кои познаваат некого во државава што се спрема или планира да емигрира“, објаснува д-р Јосипа Ризанкоска, претседател на ДИЈАЛОГ.

Настанот ќе се одржи на 23 ноември, 2020 година со почеток од 13:30ч и ќе биде во онлајн формат, преку платформата Zoom.

За да ги слушнете одговорите на прашањата како „зошто си заминуваат луѓето од Македонија“ и „дали би се вратиле“, пријавете се на следниот линк: shorturl.at/qMX15.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе