Здравје

Мастите не дебелеат, проблемот е во шеќерите

19. март 2019 - 17:16 | А.С.

Група научници спроведе истражување за да открие дали големи количини масти и шеќери имаат исто влијание во зголемувањето на телесната тежина. Иако порано се мислеше дека имаат исти последици, утврдено е дека маснотиите не се толку големи непријатели колку шеќерите.

Најновите истражувања покажаа дека пиењето засладени напитоци како газиран сокови го зголемува ризикот од смрт, особено кај луѓето кои пијат два просечни вакви пијалаци дневно.

Педијатарот Арон Керол од Медицинскиот факултет при Универзитетот на Ајова го објаснува влијанието на мастите и шеќерите во неговата книга „The Bad Food Bible: How and Why to Eat Sinfully“.

„Знаеме една работа за мастите, а тоа е дека не предизвикуваат дебелеење. Дури и може да делуваат спротивно, односно да изгубите килограми“, вели тој.

Ова значи дека храната богата со масти како авокадо, лосос и ореви треба да биде редовна во вашата исхрана. Ако ги имате исфрлено овие намирници поради лудилото наречено „нискокалорична диета“ што води корени од 90-тите, време е да ги вратите на менито.

За да објасни подобро дали мастите или шеќерите се одговорни за повеќе здравствени проблеми, авторот на книгата ги споредува луѓето кои се надиета со низок процент на масти и на диета со ниско количество на шеќери.

Било утврдено дека луѓето кои си скратуваат масти, не само што не слабеат, туку и не им се подобрува здравствената состојба. Од друга страна, луѓето кои внесуваат масти, но го намалиле количеството на јаглехидрати ( леб, бел ориз, житарки, слатки) и успеале да ослабат и да го подобрат здравјето.

Дебелеењето е поврзано со внесувањето шеќери.

Во истражувањето чии резултати беа објавени во стручното списание Lancet, научниците споредиле повеќе од 135.000 луѓе од 18 земји кои биле на режими на исхрана со намалени масти и со намалени шеќери.

Луѓето кои внесувале помалку маснотии имале поголеми шанси за смрт од срцев удар и други срцеви заболувања. Од друга страна, луѓето кои го намалиле внесувањето на јаглефидрати имале значително помал ризик.

Резултатите од истражувањето биле толку впечатливи, што научниците предложиле да се направат измени во глобалните препораки за исхрана.

Во истражувањето што траело осум години учествувале речиси 50.000 жени. Половина од нив биле на режим на исхрана со намалени масти и овие испитанички не само што не ослабеле, туку и не им се намалил ризикот од рак на дојка, рак на дебело црево или од срцеви заболувања.

Проблемот е што производите со ниско ниво на масти се „преполнети“ со скриени јаглехидрати и шеќери. Најдобар пример за тоа се овошните јогурти и житарките. „Благодарение“ на маркетиншките кампањи на широко се прифати идејата дека производите со намален процент на масти помагаат за намалување на килограмите и подобрување на здравјето.

Експертите советуваат да го намалите внесувањето шеќери и слободно да внесувате производи со високо ниво на здрави масти.

Коментирај