Играчот на Манчестер Јунајтед се жали дека вчерашната пресметка со Копенхаген од Лига Европа го преморила неговиот тим.
„Црвените ѓаволи“ успеаја да победат и да се пласираат во полуфиналето, но за победата им беа потребни дури 120 минути. Победничкиот гол падна во 85. минута и тоа од белата точка преку пенал-мајсторот Бруну Фернандеш.
„Тимот физички е преморен. Во оваа фаза од сезоната важно е да се победуваат натпревари како овој и да се помине понатаму. Остануваме во Германија уште некое време и се надеваме дека ќе станеме шампиони“, изјави Хуан Мата по натпреварот.
Шпанецот влезе во игра дури во 91. минута и ги одигра продолженијата од двапати по 15 минути.
„Двата тима се изморија и затоа се отвори повеќе простор и се создадоа повеќе шанси. Тие играа добар фудбал и морам да ги пофалам. Можевме да постигнеме уште некој гол во продолженијата, но како и да е, поминавме“.
Сега Манчестер Јунајтед има одмор до недела за кога е закажана полифиналната пресметка со победникот од денешниот дуел на Вулверхемптон Вондерерс и Севиља.