Матарела: Слободата не значи дека можеме слободно да заразиме други

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека опасноста од COVID-19 не поминала и ги потсети оние кои бараат поголема слобода дека Италија имаше 800 мртви во еден ден пред само четири месеци, пишува весникот Il Fatto Quotidiano.

Матарела зборуваше на традиционалната церемонија „Вентаљо“, кога им се даваат признанија на истакнати новинари кои известуваат од Парламентот.

– Светот на информации исто така беше погоден од пандемијата, но потврди дека е во состојба да биде во служба на граѓаните. Тие ја докажаа нивната способност да бидат спротивни на фабриката за лажни информации. Професионалните и објективните информации беа признаени од граѓаните, рече Матарела.

Тој ја истакна важноста за почитување на мерките за заштита и истакна „дека слободата не значи дека можеме слободно да ги заразиме другите“ и оти како нација Италијанците не можат да заборават што претрпеле за време на пандемијата поради почитувањето на жртвите и ограничувањата што ги издржале сите Италијанци, кои денес ни овозможуваат да гледаме кон иднината и да продолжиме понатаму“.

Тој оцени дека таму каде што не можеле или не сакале да воведат мерки што ги вовела Италија за време на пандемијата на коронавирусот, денес заразата предизвикува драматични последици.

Матарела им се заблагодари на сите земји кои и помогнаа на Италија и истакна дека „никој не е во состојба да се одбрани од заразата“.

– Само обединети и заедно можеме да го надминеме овој предизвик, рече италијанскиот претседател.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе