Фудбалерот на Аталанта, Матео Ратеги, нема да може да ѝ помогне на италијанската репрезентација на претстојниот двомеч за опстанок во елитната дивизија од Лигата на нации против репрезентацијата на Германија.

Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) објави дека 25-годишниот напаѓач има проблем со повреда на ногата и поради тоа морал да го напушти тренинг-кампот на „Аѕурите“.
„Матео повеќе не е во составот на италијанската репрезентација. Во средата лекарските прегледи покажаа дека има проблем со мускулот. Поради тоа нема да биде во тимот за мечевите против Германија“, соопшти ФИГЦ.
Отсуството на Ретеги претставува сериозен удар за селекторот Лучано Спалети. Ретеги во актуелната сезона постигна 22 гола на 27 натпревари и е најдобар стрелец во Серија А.
Репрезентацијата на Италија в четврток на 20 март на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе го одигра првиот натпревар против Германија, а реваншот ќе биде в недела во Дортмунд.