Матица македонска ја организира најголемата книжевна прослава на љубовта досега

Во чест на 90-годишнината од раѓањето на авторот на „Дениција“, Петре М. Андреевски, следната недела книгоиздавателството Матица македонска ќе ја организира најголемата книжевна прослава на љубовта досега.

В среда, со почеток во 19 часот, во Паркот на книгите на Матица ексклузив, ќе се одржи големата промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На настанот стихови ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а ќе има и музичка програма на Драган Мијалковски.

„Македонска љубовна лирика“ е книгата што ни ја враќа вербата дека и во нашето време може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Станува збор за најобемниот тематски избор од современата македонска поезија, во кој на речиси 500 страници се поместени приближно 350 најубави љубовни песни од македонски современи поетеси и поети од сите генерации.

Ова издание, единствено од ваков формат и поинакво од сите други објавени претходно, е книга што потврдува дека нема поголема движечка сила од љубовта што може да ги обедини разните генерации, поетики и писма, поетеси и поети. Но, и која ја покажува моќта на македонскиот јазик. Затоа се очекува нејзината промоција да нè обедини сите.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Култура

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Read more

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Read more

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Read more

Денови на Крали Марко во Прилеп

Read more
 

Вести

Утре облачно време, попладне дожд

Читај повеќе

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе