ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Матиќ: Подготвени сме за Ливерпул

Откако Манчестер Јунајтед со синоќешната победа изби сам на лидерската позиција во Премиер лигата, сега го очекува најголемиот предизвик - дербито со актуелниот шампион Ливерпул.

Со минимални 1:0 благодарение на голот на Пол Погба во 71. минута „Црвените ѓаволи“ синоќа ги грабнаа трите бода да гостувањето кај Барнли и осамнаа на врвот во Премиер лигата со 3 бода пред бранителот Ливерпул.

Токму клубот од „Енфилд“ е следниот предизвик за тимот на Оле Гунар Солскјер кој никој не го ни вклучуваше во потесниот круг на кандидати за титулата.

„Ова е најголемото дерби во Англија и одиме таму за да се натпреваруваме и да видиме каде сме во однос на еден од најдобрите тимови во лигата. Мислам дека сме подготвени“, вели Немања Матиќ во изјава за клупската телевизија MUTV.

„Одигравме 17 натпревари и сме први на табелата. Тоа покажува нешто. Не игравме пет или шест натпревари па некој да рече дека веројатно сме имале среќа. Но, по 17 натпревари, дефинитивно не е среќа, туку се работи за квалитет“, убеден е Србинот.

„Сепак, не смееме да се опуштиме, мора да останеме сконцентрирани до крај, да одиме од натпревар во натпревар. Во фудбалот секогаш наредниот натпревар е важен; наредниот е најголемо финале, па ќе видиме“, заврши Матиќ кој синоќа одигра 90 минути.

Големото дерби Ливерпул - Мначестер Јунајтед се игра в недела од 17:30 часот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе