ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Матс Хумелс летна за Италија: Следува потпис со Рома

Гигантот од Рим практично ја заврши работата околу ангажирањето на германскиот дефанзивец Матс Хумелс, па тренерот на овој клуб, Даниеле Де Роси, ќе добие големо засилување во тековната сезона.

Хумелс моментално е без ангажман, бидејќи договорот со Борусија од Дортмунд му истече на крајот од минатата сезона, а сѐ уште нема намера да ја заврши кариерата иако веќе има 35 години.

Италијанските медиуми пренесуваат дека се водат преговори меѓу претставници на Рома и Хумелс, кој наводно од римскиот клуб бара плата од 2,5 милиони евра по сезона. Германецот е на пат кон главниот град на Италија и се очекува овој трансфер да биде комплетиран во следните неколку дена.

Хумелс утринава дури и беше снимен на минхенскиот аеродром како ја чекира картата за Вечниот град, каде веќе слета на аеродромот „Леонардо Да Винчи“ близу Фјумичино.

Дефанзивецот наводно одбил понуди од Баер Леверкузен, Ајакс, Вест Хем, Реал Сосиедад, Спортинг, Болоња, Мајорка, како и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Покрај за Борусија Дортмунд, Хуленс играше и за Баерн, а за репрезентацијата на Германија одигра 78 натпревари и постигна 5 гола.

Со Хумелс во одбраната Де Роси ќе има слатки маки да бира меѓу него, Џанлука Манчини, Еван Ндика и Марио Ермосо. Рома летово ја напуштија двајца стопери: прво Мараш Кумбула замина на позајмица во Еспањол, а деновиве Крис Смолинг се пресели во саудискиот Ај Фајха.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Фудбал

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Алиоски потпиша договор со Лугано

Read more

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Read more

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Read more
 

Спорт

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Читај повеќе

Алиоски потпиша договор со Лугано

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Читај повеќе

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Читај повеќе

Нов шок на Клупскиот мундијал: Ботафого го победи ПСЖ

Читај повеќе

Владе Дивац итно опериран по сообраќајка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во НБА: Пејсерс се на чекор до чудо

Читај повеќе

Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Читај повеќе

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Читај повеќе