Маурицио Сари го напушти Челзи за да стане нов тренер на Јувентус

Кратката авантура на Маурицио Сари дојде до самиот крај и веќе од утре Италијанецот ќе биде нов тренер на Кристијано Роналдо и неговите колеги во Јувентус. Оваа информација беше официјализирана и од страна на италијанскиот клуб, кој остана без тренер минатиот месец, по заминувањето на Масимилијано Алегри.

Маурицио Сари потпиша тригодишен договор со Јувентус и утре официјално ќе биде претставен како тренер на италијанскиот шампион.

Само една година претходно тој ја напушти Серија А за да стане нов тренер на Челзи, каде што во единствената сезона успеа да го врати тимот во Лигата на шампионите и да ја освои Лига Европа. Претходно беше тренер на Наполи, со кого успешно го предизвикуваше Јувентус во борбата за титулата во Серија А.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Челзи решил да го раскине договорот со 60-годишниот Сари откако Јувентус исплатил 5 милиони како отштета за неговиот трансфер.

„Откако ја освоивме Лига Европа, тој [Маурицио Сари] ни даде до знаење дека сака да се врати во родната земја. Како прво, сакаше да биде поблиску до неговото семејство, но исто така сметаше дека ќе биде подобро за неговите стари родители доколку тој се врати во Италија“, изјави директорката на Челзи, Марина Грановскаја.

Во Јувентус, Сари ќе наследи моќен тим предводен од Кристијано Роналдо, кој има намера во блиска иднина да атакува на трофејот од Лигата на шампионите. Минатата сезона тие несреќно беа елиминирани од тимот на Ајакс, кој беше најголемото изненадување во ЛШ.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе