Секој се справува со стресот од секојдневниот живот на различен начин. Некој ќе си пушти музика, некој ќе излезе на прошетка, друг, пак, ќе оди на козметичар, но постојат и оние кои одат на масажа со ножеви.
Сјао Меи Фенг од Тајван веќе 30 години нуди масажи со различни видови ножеви. Најпрво се опуштате на креветот за масажа, а таа во ритмички движења со ножевите ќе ве ослободи од стресот.
Помеѓу вас и острите ножеви има еден тенок пешкир, а штом ги наостри ножевите Фенг ве боцка со стапче со цел да ги опушти крвните садови и поттикне подобра циркулација пред масажата со ножеви.
Некаде на сред масажа масерката ќе ви жрдигне за да ја растера лошата енергија, а почетната цена на третманот е 45 долари. Со цел да се задржи рамнотежата помеѓу јинг и јанг, Фенг користи два ножа наместо еден.