„Mayhem“ го одложи настапот во Скопје за 2021 година

Норвешкиот метал бенд „Mayhem“ наместо во октомври гостувањето во Скопје го презакажа за март наредната година.

Македонските љубители на метал музиката ќе почекаат за да го слушаат во живо злогласниот норвешки блек метал бенд „Mayhem“. Норвежаните решија, поради пандемијата со коронавирусот, да ја преместат целата турнеја за 2021 година, не само гостувањето во Скопје.

„Mayhem“ требаше да настапи во МКЦ на 4 октомври заедно со уште еден норвешки блек метал бенд, „Mortiis“. Бидејќи „Mayhem“ во Скопје требаше да дојде како дел од европската турнеја заедно со „Mortiis“, тоа значи дека и настапот на „Mortiis“ е одложен за во март.

Remote video URL

„На жал и ова се случи. Турнејата на Mayhem е одложена!
Нова дата за Скопје е 13.03.2021. Тие што имате купено карти, истите ке важат и за новата дата“, стои во официјалното соопштение на организаторот Terrorvoid Promotions.

„2020 европската турнеја е одложена!
Ова е штета, но не е изненадување, ниту пак беше можно да се избегне европската турнеја закажана за оваа есен да се одложи. Ова се неизвесни времиња, благо речено, сепак сите прамиме с што можеме за да го вратиме Mayhem на сцената. Турнејата 2020 е поместена за февруари/март 2021 и најискрено се надеваме дека ова ќе биде доволно. Времето ќе покаже!“, напишаа од „Mayhem“ на својот Facebook профил.

Според новиот календатр „Mayhem“ турнејата ќе ја почнат од родната Норвешка на 26 февруари на локација која допрва треба да ја дефинираат. Заклучно со 5 март ќе настапуваат во Берген, Трондхејм, Осло, Ставангер, Драмен и Хамар, а потоа од 6 март почнуваат со европската турнеја од Шведска каде ќе им се придружи и „Mortiis“.

Потоа следуваат настапи во Германија, Австрија, Словачка, Унгарија. На 12 март ќе свират во романски Брашов и оттаму доаѓаат во Скопје од каде потоа се селат во Солун каде ќе настапат на 15-ти. Турнејата продолжува со втор концерт во Грција и тоа во главниот град Атина, па италијанските Бари, Рим и Парма, фрнациските Одинкур и Париз, па Манчестер, Белфаст, Даблин, Глазгов, Бристол и Лондон во Обединетото Кралство, па Белгија, германски Оберхаузен, Холандија, Хамбург, дански Архус и турнејата ја завршуваат на домашниот Inferno Festival.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе