Јапонската компанија ја освои наградата во категоријата за дизајн спроведена од страна на World Car Awards(WCA).
Ова е вториот модел на Mazda кој ја освои оваа награда по Mazda MX-5 во 2016 година.
„Пред да ја примиме оваа награда, сакаме да изразиме сочувство на сите коишто се погодени од коронавирусот. Што се однесува до наградата, имаме чест да ја примиме наградата за дизајн баш оваа година кога одбележуваме еден век од основањето на Mazda. Ќе продолжиме со изработка на уникатни автомобили, нов дизајн и искуства за нашите купувачи“, рече Акира Марумото.