Хроника

Маж физички ја нападнал сопругата

14. ноември 2017 - 14:07 | Макфакс

Сопругот со тупаници ја нападнал сопругата додека спиела во семејниот дом обвинувајќи ја за наводна љубовна врска.

А.Д.(37) од Скопје, пријавила дека ноќеска околу 00:30 часот, додека спиела во семејниот дом, нејзиниот сопруг А.Д. (41), обвинувајќи ја за наводна љубовна врска, се нафрлил врз неа удирајќи ја со тупаници по главата и телото.

Откако жената успеала да се ослободи од сопругот, си заминала кај нејзините родители, а потоа и пријавила во полиција. Бидејќи таа не се чувствувала добро, побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Нападнатата жена посочила дека сопругот и претходно ја малтретирал, но дека истата досега не го пријавувала.

Коментирај