Хроника

Маж и две жени загинаа при превртувањето на македонскиот автобус близу Лесковац

16. декември 2018 - 11:41 | МИА
Лесковац, 16 декември 2018 (МИА) – Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистарски таблички. Во тек е идентификација на жртвите.

Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш, додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиумите. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди, а вкупно се повредени 32 лица. 

Коментирај