Тело на маж, удрено од моторно возило, било пронајдено вчера на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа вo 23:45 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.