Три лица беа застрелани во кумановското село Габреш, а двајца од нив починаа.
Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ. (66), кој пукал кон сестра си и нејзините два сина поради расправии за имотот.
Сестрата на напаѓачот, 63-годишната Д.Р., и едниот од нејзините синови, Т.Р. (38) починале, а вториот син, 36-годишниот Ж.Р., со повреди е пренесен во кумановската болница.
Во моментот полициските екипи вршат убид на местото на злосторството.