Хроника

Маж сечејќи дрва несреќно ја усмртил сопругата

23. септември 2017 - 13:48 | Макфакс

Трагедија се случила вчера околу 10 часот во атарот на кичевското село Драгов дол на местото викано Убрега.

Додека седумдесет и едногодишниот М.И. од Скопје сечел дрва, едно од дрвата паднало врз неговата сопруга В.К. (70). Жената се здобила со тешки повреди, контузија на черепот и крварење и починала на лице место.

Полицијата информра дека е извршен увид на местото во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Коментирај