Млад маж, кој се наоѓа во животна опасност, со две убодни рани е донесен на КАРИЛ во Скопје, а полицијата истражува што се случило.
Како што соопшти полицијата, вчера 15.40 часот во Ургентен центар Скопје, на КАРИЛ, бил донесен А.С. (32) од Скопје со две убодни рани во пределот на градите и грбот. Тој е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.
Се работи за лоцирање на местото на настанот и причините за истиот.